Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за последните два натпревари од групата во Лига на нации. За натпреварите против Лихтенштајн на 16 ноември во Вадуц и домашниот дуел со Гибралтар на 19 ноември, Ангеловски повика 21 играч.

Список на фудбалери: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Дејан Илиев – голмани; Ѓоко Зајков, Кире Ристевски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Мите Цикарски и Кристијан Тошевски – одбрана; Аријан Адеми, Енис Барди, Бобан Николов, Езџан Алиоски, Ферхан Хасани, Елиф Елмас и Стефан Спировски – среден ред; Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски и Крсте Велкоски – напад.