Бразил е една од најпогодените земји со пандемијата на коронавирусот, па е многу ризично таму да се патува.

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер не планира да се врати во Бразил за време на паузата токму поради можноста од зарази.

– Ми предложија да го избегнам патувањето во Бразил, затоа што во земјата е врвот на пандемијата. Нема да одам, дури и ако ми дозволат, затоа што тоа би бил ризик за моето семејство. Ќе почекаме работите да се поправат пред да ги посетиме роднините и пријателите – рече Алисон.

Ливерпул сезонава по пауза од 30години ја освои титулата во Англија. Голманот смета дека тренерот Клоп е заслужен за револуцијата во клубот. Тој го пофали и капитенот Хендерсон за способноста на вистински начин да го води клубот.