Фергусон планира да ги гледа мечевите на „Олд Трафорд“ следната сезона

Легендарниот поранешен тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, излезе од болница и лекувањето ќе го продолжи во домашни услови.

Фергусон на 5 мај претрпе силен мозочен удар и мораше итно да биде опериран. Тој по три дена излезе од кома и беше во состојба да контактира со семејството и пријателите.

На 9 мај 76-годишниот фудбалски стручњак ја напушти интензивната нега, но беше задржан на болничко лекување речиси еден месец.

Како што наведуваат англиските медиуми поранешниот менаџер на Јунајтед најавил дека планира да ги гледа натпреварите на „Олд Трафорд“ следната сезона.