ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 21 ГОДИНА

На Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година се игра првата фаза (од 24 до 31 март) во четирите групи, во Унгарија и во Словенија, во Будимпешта, Ѓер, Секешфехервар, Сомбатеј, Љубљана, Целје, Копер и во Марибор. Поради ситуацијата со пандемијата на ковид-19, турнирот се одвива во две фази, со завршна нокаут-рунда со осум репрезентации, од 31 мај до 6 јуни. По некомплетните први две кола, Германија, Романија и актуелниот првак Шпанија имаат по четири бода. Натпреварите на турнирот, кој од годинава е проширен од 12 на 16 репрезентации, се играат без публика. Европската фудбалска унија (УЕФА) најави дека дополнително ќе се донесе одлука за тоа дали во нокаут-рундата ќе биде дозволено присуство на гледачи на трибините.
Група А: Унгарија – Германија 0-3, Романија – Холандија 1-1, Унгарија – Романија 1-2, Германија – Холандија 1-1. Идно коло (утре): Унгарија – Холандија, Романија – Германија.
Група Б: Словенија – Шпанија 0-3, Чешка – Италија 1-1, Словенија – Чешка 1-1, Шпанија- Италија 0-0. Идно коло, утре : Чешка – Шпанија, Словенија – Италија.
Група Ц : Русија – Исланд 4-1, Франција – Данска 0-1. Синоќа играа Русија – Франција и Исланд – Данска, а в среда Франција – Исланд и Русија – Данска.
Група Д: Португалија – Хрватска 1-0, Англија – Швајцарија 0-1. Синоќа играат Хрватска- Швајцарија и Португалија – Англија, а задутре Швајцарија – Португалија и Хрватска – Англија.