Белгија убедливо го совлада Тунис со 5-2 во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија. Белгиската репрезентација одигра одличен натпревар и благодарение на победата обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот.

Белгија во шестата минута поведе со голот од пенал на Еден Азар, а во 16-та минута Ромелу Лукаку беше прецизени и зголеми на 2-0. Две минути подоцна тунискиот фудбалер Дилан Брон намали на 1-2. Во финишот на првото полувреме Лукаку повторно се запиша во листата на стрелците за водство од 3-1. Азар во почетокот на вториот дел постигна уште еден гол и во 51-та минута го зголеми водството на 4-1. Во 90-та минута Миши Батшуаији успеа да зголеми на 5-1, но Тунис веднаш возврати во судиското продолжение и Вахби Казри ги постави конечните 5-2.

Белгија сега има шест бода и е на првата позиција во групата, Англија има три и натпревар помалку, а Панама и Тунис се без бодови.