Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе се соочи против руски Краснодар, додека Елиф Елмас со Наполи ќе игра против шпанска Гранада во шеснаесеттинафиналето на Лига Европа. Динамо Загреб и Наполи беа носители на жрепката влечена денес во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, како првопласирани во нивните групи во првата фаза од Лига Европа.

Црвена звезда ќе се сретне со Милан, Бенфика ќе игра против Арсенал, а Сосиедад против Манчестер јунајтед во останатите поинтересни двојки.

Првите натпревари треба да се играат на 18 февруари, а реваншите на 25 февруари 2021 година.

Двојки шеснаесеттинафинале

Волфсбергер – Тотенхем
Динамо Киев – Бриж
Сосиедад – Манчестер јунајтед
Бенфика – Арсенал
Црвена звезда – Милан
Антверпен – Глазгов ренџерс
Славија Прага – Лестер
Салцбург – Вилјарел
Брага – Рома
Краснодар – Динамо Загреб
Јанг бојс – Баер
Молде – Хофенхајм
Гранада – Наполи
Макаби Тел Авив – Шахтер Доњецк
Лил – Ајакс
Олимпијакос – ПСВ