Аргентинецот Серхио Агуеро, напаѓачот на фудбалскиот премиерлигаш Манчестер сити постигна три гола на мечот против Челси (6-0), што е 15-ти хет-трик за него, 11-ти во Премиер-лигата со што, пак, се израмни со доскорешниот рекордер во оваа категорија, Алан Ширер. Агуеро постигна хет-трик и на минатиот меч дома, против Арсенал (3-1), првиот фудбалер по Дидие Дрогба во 2010-та кому му успеало тоа.

Роби Фаулер, поранешниот напаѓач на Ливерпул, постигна девет хет-трика во Премиер-лигата, Мајкл Овен (Ливерпул), Хари Кејн (Тотенхем) и Тиери Анри (Арсенал) по осум итн.