Само што го напушти Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше контактиран од претседателот на Челзи Роман Абрамович, кој го повика да ја преземе клупата на тимот од Лондон.

Британските медиуми пишуваат дека Абрамович ги стопирал преговорите со Италијанецот Маурисио Сари заради ненадејното заминување на Французот од клупата на Реал, по третата во низа титула во Лигата на Шампионите.

Според истите извори, Абрамович нема да жали пари да го доведе Зидан.