Џеко како гол-машина

74

Един Џеко постигна два гола за Рома во триумфот над ЦСКА Москва (3-0) и со трите на претходниот меч против Плзен, стигна до бројката од пет гола сезонава во Лигата на шампионите во фудбал (исто колку што постигна и Лионел Меси, но на првите два меча). Во 2018 година Џеко постигна 10 гола во ЛШ, инволвиран беше во постигнувањето вкупно 19 гола (15 гола и четири асистенции) од сезоната 2015/2016, 14 повеќе од кој било друг играч на Рома во тој период. Рома игра одлично на домашен терен, за што сведочат седумте последователни победи со гол-разлика 20-2.