Јувентус ја има најсилната одбрана, Милан е на дното

167
Италијанскиот шампион Јувентус и Сампдорија имаат најсилна одбрана од почетокот на сезоната во Серија „А“, додека Милан е на дното според овој репер.
 
Од почетокот на сезоната, шампионите и „морнарите“ не примиле голови во четири од осум натпревари, додека во секој меч од Калчото, Џанлуиџи Донарума ја вадел топката од својата мрежа.
 
„Росонериите“ примија 10 голови во седум одиграни меча. Со толку е и Наполи (8 натпревари), но пулените на Карло Анчелоти (заедно со Каљари, Фиорентина, Интер, Лацио, Спал, Парма, Рома и Торино) имаат 3 „суви“ мрежи.
 
Со повеќе примени голови од Милан се Аталанта (11), Сасуоло (14), Џенова (14) и Киево (19). Бројката голови на Рома е иста како на Милан.
 
Тимот на Џенаро Гатузо за последно не дозволи да му дадат гол при ремито 0:0 со Наполи на 15 април 2018 година. Во последните 13 круга во Серија „А“, „росонерите“ постигнале 16 погодоци.
 
Сампдорија има најсилна одбрана досега со четири гола во својата мрежа. Јуве има пет, а Интер и Фиорентина шест.