Јаја Туре по осум години си оди од Манчестер сити

790

Јаја Туре на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер сити, потврди тренерот Пеп Гвардиола.

На фудбалерот во јуни му истекува договорот и по осум години ќе го напушти „Етихад“.

– Јаја дојде овде кога почна целата оваа авантура. Тука сме поради сето она што го направи за клубот. Не смееме да го заборавиме периодот на Роберто Манчини и Мануел Пелегрини, кога Јаја беше еден од клучните играчи во тимот. На натпреварот против Брајтон ќе му приредиме најубаво можно испраќање за еден играч, истакна Гвардиола.

Сити против Брајтон ќе игра во среда.