Шкупи не успеа да го задржи водството и со реми се враќа во Скопје

74

Фудбалерите на Шкупи одиграа возбудлив натпревар (3-3) во 1. коло на квалификацииите за Лига Европа, откако не успеаја да го задржат водството од 1-3 против значително поискусниот Пјуник од Ерменија.

На натпреварот во Ѓумри, чаирчани започнаа лошо и примија гол од белата точка уште во четвртата минута. Сепак, тие ја консолидираа својата игра и до крајот на првиот дел со головите на Муарем Бајрами и Дарко Илиески обезбедија предност на полувремето.

На средината на второто полувреме, Бајрами повторно стрелаше и обезбеди водство за Шкупи, кое избраниците на Умит Каран не успеаја да го задржат. Брзите два гола на Пјуник во последните 10 минути од натпреварот беа доволни за поставување на конечниот резултат (3-3).

Реванш средбата на Шкупи и Пјуник ќе се одигра за седум дена на арената „Тоше Проески“ со почеток од 20.30 часот.