Шкупи доби најатрактивен ривал во квалификациите за Лига Европа

275

Вардар ќе се сретне со ерменски Пјуник, Работнички со унгарски Хонвед, а Шкупи со шкотскиот Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за фудбалската Лига Европа. 

Шкупи ќе биде домаќин на Ренџерс, чиј менаџер е поранешниот славен англиски репрезентативец Стивен Џерард, во реваншот, додека во првиот меч ќе гостува во Глазгов. 

Ова е резултат од денешната ждрепка за двојките која беше влечена во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион.

Првите мечеви се закажани за 12 јули, а реваншите за 19 јули, но УЕФА дополнително ќе ги прецизира термините за македонските претставници.