Шкендија на чекор до титулата по триумфот во дербито

1237

Фудбалерите на Шкендија го совладаа Вардар со 3-2 во Скопје, во 28-то коло од Првата лига, и се доближија на чекор од освојување на шампионската титула. 

Бесарт Ибраими со гол во шестата минута донесе водство од за Шкендија, но потоа Вардар ја презеде иницијативата. Со голот на Бојан Колевски во 42 минута израмни, а на почетокот на второто полувреме Ховханес Хамбарџумјан изнуди пенал, што успешно го реализираше Дејан Блажевски и донесе предност од 2-1 за Вардар. Во 52-та мунута Ибраими со гол од слободен удар донесе израмнување (2-2), а шест минути подоцна Висар Муслиу погоди за триумф од 3-2 на Шкендија.

По денешната победа Шкендија има 69 бодови, 23 повеќе од Вардар на осум кола до крајот на првенството.

Екипата на Скопје, како домаќин во Кичево, го пречека Силекс, поради суспензија на својот стадион во Автокоманда. Кратовци дојдоа во водство во 16-та минута по успешно изведениот индиректен удар во домашниот шеснаесетник, кога прецизно стрелаше Глигор Глигоров. Домаќините израмнија во 55-та минута кога Петкоски ја смести топката во мрежата на Силекс, поставувајќи го конечниот резултат 1-1. Екипата на Скопје имаше извонредна можност да направи и целосен резултатски пресврт, но ударот од белата точка на Петкоски, гостинскиот голман Митровиќ успешно го одбрани и спречи пораз на својот состав.

Во останатите мечеви, Шкупи славеше над Академија Пандев со 2-1 на гости, Ренова беше подобра од Работнички со 2-1 на домашен терен, додека Пелистер и Победа ремизираа 1-1.

З.А.