Шкендија на тешко гостување во Трондхајм

78

Фудбалерите на тетовска Шкендија, првакот на Македонија, вечерва (20.45 ч.) во Трондхајм во првиот плејоф-натпревар во Лига Европа (ЛЕ), му гостуваат на првакот на Норвешка, Розенборг. Победникот во овој двомеч (реваншот е на 30 август), ќе се квалификува за натпреварите по групи во ЛЕ.

Шкендија евронатпреварите летово ги почна во Лигата на шампионите (ЛШ). Во првите две кола ги елиминира велшкиот ТНС (5-0, 0-4) и молдавскиот Шериф (1-0, 0-0), а во третото загуби од австрискиот Салцбург (0-3, 0-1). Доколку сака продолжување на настапите во Европа есенва и повторување на ланскиот успех на Вардар, Шкендија ќе мора, пред сѐ, да ја подобри ефикасноста, оти нема дадено ниту гол на последните три средби.
Розенборг во второто квалификациско коло во ЛШ беше елиминиран од шкотски Селтик (1-3, 0-0), откако претходно ја мина првата пречка во исландски Валур (0-1, 3-1).