Шкендија на гости во Естонија ја почнува осмата европска сезона

45

Шкендија денеска го почнува својот трет квалификациски циклус за пласман во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), а вкупно осма сезона во Европа, со гостувањето кај естонскиот Номе Калју, од 18 часот. Во минатата сезона македонскиот првак играше во третото коло од квалификациите (загуби од Салцбург), по што вторпат настапи во плејофот за пласман во Лига Европа.

Најголем успех на Номе Калју досега во Европа беше играњето во плејофот од квалификациите ЛЕ во сезоната 2013/2014. Во тек е новата сезона во првенството на Естонија, а Номе Калју, во чии редови има двајца естонски репрезентативци, по 19 кола е на четвртото место со 39 бода, десет помалку од водечката Флора, која ја совлада на гости со 1-0 во 16-то коло пред три недели.

Во други средби од 1-то коло, Сараево на Крсте Велкоски игра со Селтик, Ференцварош на Стефан Спировски со Лудогорец итн.

Македонските екипи во квалификациите за Лига Европа ќе почнат да играат в четврток, Академија Пандев го пречекува Зрињски (БиХ), а Македонија ЃП и Шкупи гостуваат во Ерменија, кај Алашкерт, односно кај Пјуник.