Шкендија би можела да се сретне со Ростов или Макаби Хаифа во плејофот за Лига Европа

59

Шкендија на 24 септември ќе го пречека Тотенхем во третото квалификациско коло во Лига Европа. Доколку направат сензација и го елиминираат фаворизираниот англиски клуб, фудбалерите на Шкендија за пласман во фазата по групи ќе играат натпревар на домашен терен.

Евентуална победа над Тотенхем на Шкендија ќе и овозможи плејоф меч на 1 октомври против победникот од натпреварот помеѓу Ростов (Русија) и Макаби Хаифа (Израел).