Шефилд конечно победи, почнаа процените дали ќе опстане

45

Почетокот на сезонава на Шефилд, со двете ремија и 15-те порази, е најлош во историјата на Премиер-лигата

ФУДБАЛ – ПРЕМИЕР-ЛИГА

Шефилд конечно, во 18-то коло, ја забележа првата победа сезонава во англиската фудбалска Премиер-лига, со триумфот над Њукасл, со 1-0, прв по серијата од 21 меч без победа (три ремија и 18 порази), од јули лани и победата над Челси, со 3-0. Тој меч беше и последниот, до овој со Њукасл, на кој Шефилд немаше примено гол. Единствениот гол, од пенал во 73. минута, го постигна Били Шарп, за него стоти првенствен.
Почетокот на сезонава на Шефилд, со двете ремија и 15-те порази, е најлош во историјата на Премиер-лигата. По првата победа и петте бода, почнаа комбинаториките и процените дали Шефилд има шанси да се спаси од испаѓање. За споредба се зема Дерби од сезоната 2007/2008, тимот со најлош ефект во историјата на Премиер-лигата со само 11 поени по 38 кола. Таа сезона Дерби прокнижи само една победа, во шестото коло, над Њукасл, со 1-0, и по 17 кола имаше шест бода, еден повеќе од Сандерленд, кој сезоната 2005/2006 ја заврши со 15 бода, втор најлош ефект во Лигата. Шефилд не е многу лош во дефанзива, прими 29 гола на 18 меча, повеќе од два гола на само три меча, а 11 од 15-те порази беа со само еден примен гол. Шефилд постигна девет гола.