Шест кандидати за признанието најдобар фудбалер во Премиер лигата

1681

Здружението на професионални фудбалери во Англија, ги објави имињата на претендентите за освојувањето на наградата за играч на годината.

Меѓу номинираните, тројца се од Манчестер Сити, а по еден фудбалер од Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.

Кандидати за наградата најдобар фудбалер на годината во Премиер лигата:

Кевин де Бруин (Манчестер Сити) 
Давид Силва (Манчестер Сити) 
Лорој Сане (Манчестер Сити) 
Мохамед Салах (Ливерпул) 
Хари Кејн (Тотенхем) 
Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед).