Че­фе­рин и Ање­ли за­ед­нич­ки се изјаснија против суперлигата

100

Пла­но­ви­те за европ­ска су­пер­ли­га во фуд­бал се фик­ци­ја, спо­ред двај­ца­та нај­моќ­ни функ­ци­о­не­ри во европ­ски­от фуд­бал, пре­тсе­да­те­лот на Европ­ска­та фуд­бал­ска уни­ја (УЕФА), Сло­ве­не­цот Але­ксан­дер Че­фе­рин и Ита­ли­ја­не­цот Ан­дреа Ање­ли, пре­тсе­да­тел на Ју­вен­тус и вли­ја­тел­но­то Европ­ско здру­же­ние на клу­бо­ви (ЕКА), во кое чле­ну­ва­ат по­ве­ќе од 200 клу­ба.

Тие ве­лат де­ка се обе­ди­не­ти и по­крај не­о­дам­на об­ја­ве­ни­те до­ку­мен­ти за на­вод­но одржа­ни тај­ни раз­го­во­ри за соз­да­ва­ње но­ва елит­на ли­га.

– Су­пер­ли­га­та не­ма да се слу­чи. Тоа на не­кој на­чин е фик­ци­ја или сон – ре­че Чеферин.

Ање­ли, кој се спом­ну­ва ка­ко е еден од оние што се из­јас­ни­ле и за­го­ва­ра­ле фор­ми­ра­ње су­пер­ли­га до­да­ва: „Мо­жам да по­твр­дам де­ка ни­ко­гаш не сме ви­де­ле, ни­ко­гаш не сме ди­ску­ти­ра­ле, ни­ту пак сме би­ле вклу­че­ни во соз­да­ва­ње­то на овој до­ку­мент. Ние целос­но со­ра­бо­ту­ва­ме со УЕФА во на­пре­до­кот на фуд­бал­ска­та игра“.

Че­фе­рин и Ање­ли во екск­лу­зив­ни­от раз­го­вор за Би-би-си го­во­реа и за пла­но­ви­те за ре­фор­ма на европ­ски­от фуд­бал од 2024 го­ди­на, и за дру­ги ра­бо­ти. Гер­ман­ски­от неделник „Шпи­гел“ не­о­дам­на об­ја­ви до­ку­мен­ти, спо­ред кои, на­вод­но но­ва­та су­пер­ли­га би мо­же­ла да про­функ­ци­о­ни­ра од 2021 го­ди­на, со учес­тво на не­кои од нај­го­ле­ми­те клу­бо­ви од Шпа­ни­ја, Ита­ли­ја, Гер­ма­ни­ја, Анг­ли­ја и од Фран­ци­ја. Но Че­фе­рин и Ање­ли се не­по­пуст­ли­ви, и ве­ру­ва­ат де­ка нај­го­ле­ми­те клу­бо­ви ќе оста­нат во рам­ки­те на УЕФА, по­твр­ду­вај­ќи де­ка во тек се де­тал­ни раз­го­во­ри за на­о­ѓа­ње ре­ше­ни­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и про­ме­ни­те во фор­ма­тот на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те (ЛШ) за обез­бе­ду­ва­ње по­го­ле­ма зара­бо­тка. На со­ста­но­кот на УЕФА во Даб­лин во по­че­то­кот на де­кем­ври тре­ба да се промо­ви­ра но­во­то, тре­то клуп­ско европ­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње со 32 ти­ма.