Чембрлен нема да игра ниту на Мундијалот

674

Алекс Окслејд-Чембрлен (24), фудбалерот за врска на Ливерпул, ги повреди лигаментите на десното колено на полуфиналниот меч во Лигата на шампионите (ЛШ) со Рома (5-2) и нема да игра ниту на Светското првенство (СП) во Русија, соопштија од неговиот клуб по направените снимки. Окслејд-Чембрлен одигра 32 меча за Англија. Тој лани потпиша за Ливерпул од Арсенал за околу 40 милиони евра, а сезонава одигра 41 меч во сите конкуренции и постигна пет гола.