Хајнкес: Очекувам непредвидлив судир

1503

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес по денешниот ждреб за полуфиналето на ЛШ изјави дека одлично ги познава Реал Мадрид.

Хајнкес е поранешен фудбалер и тренер на „белите“, со кои го освои најпрестижниот фудбалски клубски турнир во 1998 година.

– Очекувам непредвидлив судир. Двата тима се обидуваат да играат исклучително атрактивен фудбал. Го познавам одлично „Сантијаго Бернабеу“, како тренер и како фудбалер. Кристијано Роналдо заедно со Лионел Меси се најдобрите фудбалери во светот. Роналдо се труди навистина напорно и не може да се споредува со речиси никого. Исклучително амбициозен е и тоа се гледа на теренот. Работи исклучително многу секој ден – изјави Хајнкес, кој го водеше Баерн до три титули во 2013 година.

Минатата сезона Реал Мадрид го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето во Лигата на шампионите.