ФФМ ја закажа седницата за избор на претседател на 1 септември

90

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука и вонредната седница за избор на претседател на ФФМ ја закажа на први септември.

Од ФФМ соопштија дека местото и времето на одржување на вонредната изборна седница на Генералното собрание дополнително ќе биде одредено.

Пред десетина дена Илчо Ѓорѓиоски се повлече од претседателската функција во ФФМ и одлучи кариерата да ја продолжи во Европската фудбалска унија (УЕФА).