Фудбалот ќе биде поинаков по пандемијата

94

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино изјави дека овој спорт „ќе биде поинаков“ кога ќе заврши пандемијата што ја предизвика вирусот ковид-19.

– Фудбалот ќе се врати, а кога ќе се случи тоа ќе го прославиме излегувањето од овој кошмар. Сепак постои лекција што ќе мора сите да ја научиме, а тоа е дека кога ќе се врати фудбалот ќе биде поинаков – рекол Инфантино за италијанската агенција АНСА.

Инфантино рекол дека очекува откако кризата ќе помине луѓето да бидат подобри, хумани и дека ќе се свртат кон вистинските вредности.