Фудбалерот Елмас го облече дресот на Наполи

419

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кариерата ја продолжува во дрес на Наполи, попладнево тој ги помина тестовите на лекартскиот тим и го облече дресот на Наполи. 

Се очекува наскоро Елмас официјално да биде промовиран и потврден како нов играч за „наполитанците“. 

Наполи за новиот репрезентативец на Фенербахче ќе му плати околу 18 милиони евра, а неофицијалната годишна плата на Елмас ќе изнесува 1,3 милиони евра. За Елмас, Наполи е трет клуб во неговата кариера, откако претходно од Работнички мина во Фенербахче.