Фрапар влезе во историјата на фудбалот

85

По петтата рунда во Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал, познати се девет тима што обезбедија пласман во осминафиналето, а тоа се Баерн (група А), Манчестер сити, Порто (од Ц), Ливерпул (од Д), Челси, Севилја (од Е), Борусија Д. (од Ф), Јувентус и Барселона (од групата Г). За преостанатите седум места ќе се решава на мечевите од шестото коло идната недела.
Ова коло ќе биде запишано во фудбалската историја по тоа дека Французинката Стефани Фрапар (36) стана првата жена што судела на меч во Лигата на шампионите за мажи, во Торино, на дуелот Јувентус – Динамо Киев, 3-0. Фрапар ја делеше правдата и на Суперкупот на УЕФА, лани во Истанбул, помеѓу Ливерпул и Челси. Таа е првата жена што судела на натпревар во француската Лига 1, Амиен – Стразбур лани во април, а пред два месеца го судеше мечот Лестер – Зорја во Лига Европа (ЛЕ).