Француското обвинителство бара судење за Бензема

128

Поради скандалот од пред пет години со поранешниот соиграч од француската фудбалска репрезентација Метју Валбуена, напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема би можел да заврши во затвор. Француското обвинителство кривично го гони Бензема бидејќи бил соочуесник во кривичното дело уцена.

Карим Бензема во 2015 година беше приведен од француската полиција бидејќи во име на други лица го уценувал соиграчот од репрезентацијата Валбуена. Во име на негови пријатели Бензема од Валбуена побарал од 50.000 до 100.000 евра за да не биде објавена снимката на која Валбуена има интимен однос со една девојка.

Покрај Бензема беше приведен и Џибрил Сисе исто така под обвинение за уцена.

Бензема тогаш признал дека го уценувал соиграчот од репрезентацијата но дека тоа го направил под присила.

Поради овој скандал селекторот на Франција Дидие Дешам го избриша Бензема од националниот состав, иако тој без дилема е најдобриот француски напаѓач.