ФИФА ги објави кандидатите за најдобар играч

275

Светската фудбалска федерација ФИФА го објави списокот со кандидатите за наградата „Најдобар играч“ за 2018 година.

За ова престижно признание конкурираат десет играчи, а при изборот се смета периодот од 3 јули 2017 до 15 јули 2018 година.

Меѓу кандидатите за играч на годината се најдоа: Кристијано Роналдо (Португалија/Реал Мадрид), Кевин де Брујне (Белгија/Манчестер Сити), Антоан Гризман (Франција/Атлетико Мадрид), Еден Азар (Белгија/Челзи), Хари Кејн (Англија/Тотенхем), Килијан Мбапе (Франција/ПСЖ), Лионел Меси (Аргентина/Барселона), Лука Модриќ (Хрватска/Реал Мадрид), Мохамед Салах (Египет/Ливерпул) и Рафаел Варан (Франција/Реал Мадрид).