Фанови на АЕК фрлаа Молотови коктели кон навивачите на Ајакс

159

На натпреварот помеѓу АЕК Атина и Ајакс од групната фаза од фудбалската Лига на шампионите му претходеа инциденти предизвикани од навивачите на атинскиот клуб.

Непосредно пред почетокот на мечот на Атинскиот олимписки стадион, навивачите на АЕК фрлаа сигнални ракети кон гостинските фанови од Холандија, при што сериозно беа повреди неколкумина поддржувачи на тимот од Амстердам.

Некои од домашните обожаватели го напуштија својот сектор и се приближија до оној на гостинските навивачи. Без никаква полициска интервенција, грчките навивачи непречено фрлаа Молотови коктели и предизвикаа пожар.

На сликите во социјалните мрежи, се гледаат крвави лица на некои од поддржувачите на Ајакс.

Според информациите, хаосот бил создаден затоа што меѓу навивачите на Амстердам имало навивачи на големиот локален ривал на АЕК – Панатинаикос.