Фалкао доби споменик што не наликува на него

35

Фудбалерот на Монако, Радамел Фалкао, доби споменик во неговиот роден град во Колумбија, но тој воопшто не наликува на него.

Шестметарската статуа подигната во Санта Марта во знак на почит кон фудбалерот е целосно бела и ја прикажува препознатливата поза во која Фалкао ги прославува головите.

Но, во јавноста најсилен впечаток остави фактот дека таа воопшто не наликува на славниот фудбалер.

Поради тоа преку локалните медиуми беше соопштено дека работите околу споменикот се уште не се завршени, а особено околу финалната дообработка на лицето.

Слична ситуација имаше и со Кристијано Роналдо, кој доби споменик во родната Мадера во Португалија, но откако не беше задоволен од првата верзија споменикот беше заменет со друг.