Условна слобода за двоецот од Македонија осомничен во белгискиот скандал

209

Агентот Дејан Сиљановски и Марија Богојевска, партнерка на агентот Дејан Вељковиќ, се условно ослободени денеска во досието за наместени фудбалски натпревари, соопшти белгиското федерално обвинителство.

Сиљановски е ослободен по исплатена кауција, сумата за него не е позната. За кауцијата на неговиот колега, Карим Межати, исплатен е износ од 20 илјади евра, изјави неговиот адвокат, Свен Мари.

Богојевска е, исто така условно ослободена, таа од 30 октомври беше пуштена во домашен притвор со електронска алка. Богојевска е осомничена дека му помагала на Вељковиќ во перењето пари.