Украина е 17-та земја во која ќе се игра за титулата

466

Украина ќе биде 17-та земја во која ќе се игра финалето на фудбалската Лига на шампионите (Киев, 26 мај). По еднаш финале се играло и во СФРЈ, Русија, Велс, Швајцарија и во Турција. Меѓу земјите, рекордер е Италија, со девет домаќинства (Милано, Рим и Бари), а меѓу стадионите е „Вембли“, со седум финалиња (пет на стариот, две на новиот). „Олимпискиот стадион“ во Киев ќе биде 30-от стадион на кој ќе се игра финале на ЛШ.