УЕФА ќе решава за црвениот картон на Роналдо на 27 септември

149

Дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледа случајот со црвениот картон на Кристијано Роналдо на седница на 27 септември.

Португалецот беше избркан во првото полувреме при победата на Јувентус со 2:0 синоќа над Валенсија во Лигата на Шампионите. Роналдо го фати за коса Џејсон Мурило од Валенсија и по консултација со арбитерот на гол линијата, главниот судија Феликс Брих му покажа црвен картон на мегаѕвездата.

За стореното, Роналдо сигурно ќе претрпи еден натпревар казна, но санкцијата може да биде зголемена до три натпревари по проценка на УЕФА.

Интересниот момент во случајот е дека ако биде зголемена казната на Роналдо, тој ќе го пропушти гостувањето против својот поранешен тим, Манчестер Јунајтед на 23 октомври.