УЕФА ја казни Црвена звезда со два натпревари без публика на домашен терен

106

УЕФА го казни српскиот фудбалски клуб Црвена звезда со два натпревари без публика на домашен терен, поради пропустите направени за време на натпреварот против литвански Судува.

Како причина за казната се наведува лошата организација на натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите во Белград, а особено се нагласува однесувањето на навивачите.

УЕФА посочува дека биле блокирани премините на трибините, а навивачите на Црвена звезда навивале расистички.

Белградскиот клуб доби и парична казна од 72.000 швајцарски франци.