УЕФА ја казни Црвена звезда за однесувањето на навивачите

77

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена звезда со забрана за носење навивачки групи на следните две гостувања во Лигата на шампионите заради влегувањето на навивачи на теренот во Салцбург.

Санкциите се однесуваат на натпреварите против ПСЖ во Париз на трети октомври и против Ливерпул три седмици подоцна.

Воедно заради однесувањето на навивачите на белградскиот клуб на Ред бул арената, каде кршеа инвентар, фрлаа тврди предмети на терен и употребуваа пиротехника, Црвена звезда ќе мора да плати и парична казна од 30.000 евра.