УЕФА со нов систем за плејофот во квалификациите за СП 2022

47

Европската фудбалска унија (УЕФА) планира да воведе нов систем за плејоф-натпреварите во квалификациите на Светското првенство (СП) 2022 година во Катар, за да се избегнело споредувањето на резултатите на репрезентациите во различни групи.

УЕФА соопшти дека 55-те репрезентации, кои ќе се борат за 13-те места на финалниот турнир во Катар, ќе бидат поделени во 10 групи. Десетте победници во групите директно ќе се квалификуваат за Мундијалот, а 10-те второпласирани во плејофот, плус уште две репрезентации од Лигата на нациите (ЛН) од сезоната 2020/2021.

Тие 12 селекции потоа ќе бидат поделени во три групи, во кои ќе одиграат по еден полуфинален и еден финален меч, по што ќе бидат познати преостанатите три европски селекции (вкупно 13), кои ќе настапат на СП 2022-та.
Во квалификациите за СП 2018 година имаше девет групи од кои победниците директно се квалификуваа, а осумте второпласирани со најдобар скор одиграа четири плејоф-двомеча.