Трка по Купот и по излез во Европа

83

По денешните реванш-натпревари од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија ќе биде познато кои два тима ќе играат за вредниот трофеј и за пласман во квалификациите за Лига Европа идната сезона.

Во Кавадарци Победа ќе биде домаќин на Академија Пандев, која во првата средба во Струмица победи со 3-1. Во Скопје, пак, Македонија ЃП ќе се сретне со Беласица, а во првиот меч на гости Македонија ЃП победи со 1-0. Двата дуела се од 15.30 часот.

Во квалификациите за Лига Европа ќе настапи победникот на Купот на Македонија, како и тимовите што ќе бидат на второто и на третото место во Првата лига. Ако победникот на Купот на Македонија биде пласиран на едно од првите три места на табелата во Првата лига, тогаш место во квалификациите за Лига Европа ќе добие и четвртопласираниот тим во првенството. Од полуфиналистите, по 27-то коло Академија Пандев е трета со 46 бода (еден натпревар помалку), Македонија ЃП е шеста со 36, Беласица е деветта со 23, а Победа е десетта со 19 (еден меч помалку).