Три премиерлигаши се против играњето на неутрални терени

38

Англиските фудбалски клубови Вотфорд, Брајтон и Астон Вила јавно се спротивставија на предлогот преостанатите натпревари од сезоната да се играат на неутрални терени. Премиер-лигата е стопирана на 13 март поради коронавирусот. Прашање е дали и кога ќе продолжи, еден од предлозите е натпреварите да се играат на неутрални терени. По ова прашање клубовите ќе треба да се изјаснат в понеделник.

За да помине овој предлог потребно е да гласаат „за“ 14 од 20 клубови во Премиер-лигата. Би-би-си тврди дека три клуба јавно го изразиле незадоволството, а дека и останатите не се воодушевени од предлогот.

– Апсолутно се согласувам со предлогот натпреварите да се играат без публика, меѓутоа сега ни велат дека не можеме преостанатите натпревари кога сме домаќини да ги играме на нашиот стадион. И тие натпревари треба, како ништи да не се случило, да ги играат фудбалери чии животи се свртени наопаку. Многу работи се бараат од нас, иако е јасно дека натпреварувањето не личи на она кое го започнавме, тоа би можело да го означи крајот на малите клубови каков што е Вофорд во Премиер-лигата – рекол директорот на Вотфорд Скот Даксбури.