Три клуба, три милијарди евра

142

На врвот на листата по завршувањето на сезонава се Манчестер сити, Ливерпул и Барселона и според вкупната вредност на целите тимови и според вредноста на најдобрите 18 фудбалери, покажува листата на „Трансфермаркт“

Манчестер сити го има вкупно највредниот тим, а Барселона ја има најголемата просечна вредност на фудбалерите, покажува листата на специјализираната интернет-страница „Трансфермаркт“ за вредноста на играчите и на клубовите, по завршувањето на сезоната. Според таа листа, англискиот првак води со 1,17 милијарда евра вредност на составот со 26 фудбалери, а кај шпанскиот шампион, кој вкупно е трет на листата на клубови, играат фудбалери со просечна вредност од 46,3 милиони евра.

На второто место на клупската листа сега е Ливерпул со 1,11 милијарда евра, а Барселона се најде на третото место со 1,07 милијарда евра. Тоа се трите клуба со сума од над една милијарда, а потоа следуваат Челси со 957 милиони, Атлетико Мадрид со 934, ПСЖ со 922, Тотенхем со 881, Реал Мадрид со 872, Манчестер јунајтед со 784, Баерн со 751 милион евра итн.

Ист е распоредот на првите три тима и ако како вредност се земе вредноста на врвните 18 фудбалери од клубовите, прв е Манчестер сити со 1,1 милијарда евра, пред Ливерпул со 1,03 и Барселона со 1,02 милијарда евра.


НАЈВРЕДНИ КЛУБОВИ ВО СВЕТОТ
1. Манчестер сити Англија 1,17
2. Ливерпул Англија 1,11
3. Барселона Шпанија 1,07
4. Челси Англија 0,957
5. Атлетико М. Шпанија 0,934
6. ПСЖ Франција 0,922
7. Тотенхем Англија 0,881
8. Реал Мадрид Шпанија 0,872
9. Манчестер јунајтед Англија 0,784
10. Баерн Германија 0,751
сумите се во милијарди евра
Извор: Трансфермаркт

КЛУБОВИ СО ПРОСЕЧНО НАЈГОЛЕМА ВРЕДНОСТ НА ФУДБАЛЕРИ
Барселона Шпанија 46,33
Манчестер сити Англија 45,04
Ливерпул Англија 41,19
сумите се во милиони евра
Извор: Трансфермаркт