Тренерот на Рома доби уште една шанса

103

Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо, ќе ја задржи функцијата, барем до дуелот со Милан, објавија италијанските медиуми.

По вчерашниот дебакл во Фиренца каде „римската волчица“ загуби со 7:1, се шпекулираше со разрешување на Ди Франческо.

Сепак, раководството на Рома одлучило на тренерот да му се даде уште една шанса, а тоа е неделниот натпревар со Милан во Серија А. Доколку и на тој дуел римјаните загубат, тогаш Ди Франческо ќе биде отпуштен, пренесуваат медиумите на Апенинскиот Полуостров.

Предводникот на Рома по вчерашната катастрофата им се извини на навивачите и порача дека нема намера да поднесе оставка.