Тотенхем е прв тим без летен трансфер во историјата на Премиер лигата

48

Тотенхем влезе во историјата на англискиот фудбал, откако по затворањето на трансфер пазарот во Англија стана првиот клуб во Премиер лигата, барем кога е во прашање актуелниот формат кој датира од 2003 година, кој не направи ниту еден трансфер.

Тимот предводен од тренерот Маурицио Покетино не купи ниту едно ново засилување, но исто така не продаде ниту еден фудбалер.

– Среќен сум што успеавме да ја задржиме екипата, иако имаше гласини дека некои играчи ќе си заминат. Клубот направи голем напор за договор со Хари Кејн. Имам извонреден тим од 25 фудбалери со кои функцинираме беспрекорно, а веќе реков дека ќе купувам засилување само доколку навистина станува збор за играч кој веднаш би го подобрил нашето ниво, истакна Покетино.

Останатите клубови од Премиер лигата донесоа барем по едно засилување во летниот преоден рок.

Тотенхем во рамките на првото коло гостува кај Њукасл, а натпреварот се игра во сабота со почеток во 13:30 часот.