„Топџиите“ ќе платат 10 млн. фунти за триумф во ЛЕ

97

Доколку триумфираат во финалето на Лигата на Европа (ЛЕ) против Челси (29 мај во Баку), фудбалерите на Арсенал ќе добијат премии од околу 10 милиони фунти (11,4 млн. евра) или поединечно од 100.000 до 500.000 фунти (од 114.000 до 570.000 евра), според клаузулите во нивните договори, објави „Дејли мејл“.

За Арсенал тоа би бил прв континентален трофеј по освојувањето на, сега, непостојниот Куп на победниците на куповите (КПК) во 1994 година.

Менаџерот Унаи Емери, исто така, би можел да има корист од триумфот, бидејќи неговиот буџет за трансфери, кој според најавите ќе изнесува околу 50 млн. евра, драстично би се зголемил со пласманот на Арсенал во Лигата на шампионите (ЛШ) следната сезона.