„Топџиите“ мораа да срушат рекорд за да го добијат Пепе од Лил

71

Фудбалскиот клуб Арсенал официјално објави дека Николас Пепе е нов играч на лондонската екипа. „Топчиите“ го срушија клупскиот рекорд затоа што на Лил му платија 80 милиони евра.

Пепе, кој има 24 години, зад себе ја има сезоната на кариерата во која постигна 23 гола со 12 асистенции на 40 меча.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска беше на радарот на Ливерпул и Наполи, но Арсенал беа најконкретни и Пепе ќе игра во нивниот дрес.

Пепе го собори рекордот на Пјер-Емерик Обамејанг, кој претходното лето стигна во Лондон за 64 милиони евра.

„Топчиите“ летово ги доведоа и Вилијам Салиба од Сент Етјен за 30 милион евра, Габриел Мартинели од Итуана (Бразил) за 6,7 милиони евра, додека Дани Себаљос дојде на позајмица од Реал Мадрид.

Во прилог, листата со најскапите трансфери на лондонскиот клуб:

1. Николас Пепе – од Лил за 80 милиони евра
2. Пјер-Емерик Обамејанг – од Борусија Дортмунд за 63,7 милиони
3. Александр Лаказет – од Лион за 53 милиони
4. Месут Озил – од Реал Мадрид за 47 милиони
5. Гранит Џака – од Борусија Менхенгладбах за 45 милиони
6. Алексис Санчез – од Барселона за 42,5 милиони
7. Шкодран Мустафи – од Валенсија за 41 милион
8. Хенрик Мкитарјан – од Манчестер Јунајтед за 34 милиони
9. Вилијам Салиба – од Сент Етјен за 30 милиони евра
10. Лукас Тореира – од Сампдорија за 28,6 милиони