Тинејџерски рекорд на Санчо во Бундес-лигата

69

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо постигна гол на седмиот меч по ред во германската Бундес-лига во дресот на Борусија Дортмунд (3-3 на мечот со Лајпциг). Тој сега е само третиот тинејџер со 15 гола во германското првенство во една година. Санчо со 19 години и 267 дена е најмладиот што постигнал 22 гола во Бундес-лигата, надминувајќи го за два дена досегашниот рекордер Хорст Копел (од Штутгарт, во 1968 година). Со 15-те гола и 16 асистенции тој е инволвиран во повеќе голови од кој било друг тинејџер од најсилните пет првенства во Европа.