Тешко е повреден алжирски репрезентативец

77

Репрезентативецот на Алжир, фудбалер на Дижон, Јасин Бензија (26) тешко настрадал возејќи теренски автомобил „Баги“. Информацијата за француските медиуми ја потврдил претседателот на Дижон Оливие Делкурт.  

„Бензија е опериран. Засега нема никакви прогнози. Чекаме…“, рекол претседателот на Дижон.

Медиуми пишуваат дека Алжирецот ја повредил раката. Според овие извори, повредите биле толку сериозни што не била исклучена можноста раката да му биде ампутирана.

Бензија во Дижон пристигна во зимскиот преоден рок, претходно играл за Олимпијакос, Фенербахче, Лил и Лион.