Технологијата и помогна на Франција за успешен старт на Светското во Русија

231

Франција забележа многу тешка победа на стартот на СП во Русија, откако во Казан успеа да го победи аутсајдерот Австралија со 2:1.

Во 58-та минута Гризман беше прецизен од пенал, откако претходно беше „консултиран“ ВАР системот и така им донесе предност на „петлите“.

Резултатот сепак беше изедначен само четири минути потоа, откако Умтити играше со рака во својот шеснаесетник и судијата досуди пенал и за „кенгурите“. Зад топката застана капитенот Миле Једињак, кој постигна гол.

Успехот за Французите беше донесен од Погба, кој постигна гол во 80-тата минута и на тој начин ги донесе скапоцените три бода на својата татковина. И за овој гол на „петлите“ беше искористена технологијата за гол линија, откако топката влезе со целиот обем зад грбот на голманот на Австралија, а потоа излезе надвор и заврши во рацете на Рајан.

По овој натпревар, Франција е лидер во групата Ц. Од 18 часот во истата група играат Перу и Данска.