Тер Штеген разочаран од одлуката да не биде прв голман во репрезентацијата

114

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, изрази жалење поради губењето на местото во првиот состав на германската фудбалска репрезентација.

На претстојното Светското првенство, прва опција на голманската позиција кај „панцерите“ ќе биде Мануел Нојер, кој ја пропушти речиси цела минатата сезона поради повреда.

-Кога ја играте целата сезона на највисоко ниво, овој развој на настани не може да ве радува. Но, ќе се обидам да му помогнам на Нојер толку колку што ќе можам – рече Тер Штеген.

Германија на Мундијалот е во Ф-групата заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.