Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Саудиска Арабија

96

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја потврдија одлуката натпреварот во Суперкупот, во наредните шест години, да се игра во Саудиска Арабија. Следната сезона во Шпанија нема да започне во август, со двомечот во Суперкупот, туку овој меч ќе се одигра во јануари 2020 година во Саудиска Арабија.

Клубовите беа против предлогот, во јануари да се игра Суперкупот и тоа во друга држава, меѓутоа финансиската понуда од Саудиска Арабија челниците на Сојузот не можеле да ја одбијат.

Неофицијално, Шпанците годишно ќе добијат 30 милиони евра, односно 180 милиони евра за шест години.

Оваа зима, Саудиска Арабија, беше домаќин на италијанскиот Суперкуп. Фудбалскиот сојуз на Италија од овој меч заработил 20 милиони евра.