Стартуваше пријавувањето за кампот на Реал Мадрид

144

Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја Македонија на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години. Кампот на Реал Мадрид Фондацијата може да биде вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височини на сите момчиња и девојчиња кои ќе бидат дел од истиот.

Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување. Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот, во делот на спортот, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, спортски бон-тон, дружење и многу забава.

Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа, на кампот во јануари, тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа.

Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот.

Комплетната понуда на вториот фудбалски камп „Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia“ може да се најде на следниот линк.

Лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација во Македонија „Спорт Арена” првиот камп го направи во јуни оваа година во Скопје. На него поминаа 100-тина учесници, голем дел од Македонија но и учесници надвор од границите на татковината. Насмевката на нивните лица и задовоството кај нивините родители се најголема награда за добро завршената работа. На вториот камп организаторскиот дел е доверен на агенцијата КМГ Спорт, агенција која има големо искуство во делот на организација на кампови и тоа е уште една гаранција дека секој учесник на овој камп ќе има незаборавно „кралско искуство“.

Пријавувањето, за да бидете дел од големото семејство на кралските “бели” е во тек. Истото може да се направи на следниот линк

Фудбалската приказна на светскиот гигант во Македонија продолжува во јануари.