СП 2018: Американците бараат допинг контрола за Русите

73

Раководителот на антидопинг агенција на САД (УСАДА), Тревис Tајгарт не е уверен дека руската селекција на фудбалскиот Мундијал е „чиста“ и побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да спроведе допинг контрола кај руските репрезентативци.

Според Тајгарт, таквите мерки се неопходни за да се гарантира довербата на јавноста во чесноста на Светското првенство.

– Рускиот тим мора да се провери за да ја обезбеди довербата на јавноста во чесноста на овој Мундијал. Оние кои покажуваат извонредни резултати треба почесто да се проверуваат – изјави првиот човек на УСАДА.

Русија ги доби првите две средби на шампионатот со убедливи резултати (5:0 со Саудиска Арабија и 3:1 со Египет). Следниот натпревар рускиот национален тим ќе го има на 25 јуни со Уругвај, во директен дуел за 1.место во групата.